Шпански научници работат на развојот на паметна четка за заби која ќе може да детектира рани знаци на здравствени проблеми и да спречи рана смрт од срцеви болести, пишува N1.

Четката собира податоци при четкање и прецизно ги препознава промените во организмот кои укажуваат на потенцијално забавување на работата на срцето.

„Со информациите за бројот на отчукувања на срцето, крвниот притисок и од биолошките примероци од устата ќе може да се спречи развојот на опасни болести и на пациентите да им се помогне да водат сметка за своето здравје. На овој проект соработуваме со една водечка технолошка компанија. Засега технички и дизајнерски четкичката е завршена, но ќе ја претставиме официјално откако ќе бидат финализирани одредени детали“ изјави кардиологот Алваро Марко дел Кастилјо.

Шпанскиот лекар со својот тим верува дека користењето на ваква четка за заби ќе биде рутински метод кој ќе се применува секојдневно и ќе се добиваат важни информации за здравствената состојба.

Знаци дека може да се работи за срцев удар се чувство на мачнина, ладна пот и зашеметеност. Кај мажите најчестиот знак е болка во пределот на градите, додека пак кај жените се јавуваат симптоми на краток здив, мачнина и болка во вилиците.

Истиот тим на научници водени од докторот дел Кастилјо изработи и паметна маица која ги следи виталните знаци кај пациентот.

Извор: N1 info