Автомобил Тесла возен од британскиот ТВ директор Мајкл Морис се запали во Лос Анџелес, соопшти неговата сопруга, американската актерка Мери МекКормак, пренесува Би-Би-Си.

Таа преку социјалната мрежа Твитер објави видео од инцидентот.

-Не е несреќа, од никадe, во сообраќај на булеварот Санта Моника. Му благодарам на добриот пар кој на сопругот му сигнализираше и му рече да застане, напиша таа.

Во инцидентот нема повредени, а Тесла соопшти дека ќе го истражи случајот.

Компанијата вели дека електричните автомобили имаат многу помала шанса да се запалат од оние на гориво.

Инаку, се работи за обичен автомобил, а не од оние кои имаат автопилот.