Знаете ли каква е поврзаноста помеѓу најстариот национален парк на светот, Јелоустоун и коронавирусот?

Во топлите извори на Јелоустоун, кој се простира на три сојузни американски држави: Вајоминг, Монтана и Ајдахо, опстојуваат различни микроби помеѓу кои е и бактеријата која денес е клучна во откривање на Ковид-19.

Приказната започнува во 1965 година кога Томак Брок на изворот Октопод забележал “розова желатинозна маса, очигледно од биолошко потекло, на запрепастувачко високи температури”.

Станува збор за влакнести организми кои опстојувале при температура од 82 Целзиусови степени. Тоа откритие било многу важно бидејќи тогаш се сметало дека бактериите не можат да опстојат на температури над 60 Целзиусови степени.

Една година подоцна, Томас Брок се вратил со студентот Хадсон Фриз на изворот и заедно земале примерок од еден поинаков организам – жолтеникава бактерија склона кон загревање, на која Брок ѝ го дал името “Thermus aquaticus”, пишува “National Geographic”.

Понатамошното истражување се одвивало на следниов начин: со одгледување на споменатата бактерија се дошло до ензими кои реплицираат ДНК при високи температури. Поради овој ензим денес верижната полимеризација има значајно место во науката (полимеризација е реакција во која хемиските соединенија со мала молекуларна маса (мономери) или мешавина од неколку такви соединенија реагираат меѓусебно и тоа сè додека не се исцрпат слободните функционални групи. На тој начин настануваат молекули со многу поголема молекуларна маса од реактантите. Резултат на ваквата реакција е полимерот. Кај верижната полимеризација, реакцијата се одвива како “лавина” и настануваат полимери со големи молекуларни маси).

Всушност, денес верижната полимеризација е клучна алатка во молекуларната биологија и во 1993 година на биохемичарот Кери Малис му донела Нобелова награда за хемија.

Но, интересно е тоа што оваа бактерија во моментов се користи за да се засили сигналот на вирусот во поголемиот дел од достапните тестови за Ковид-19.

Процесот ПЦР кој е витална рамка на тестот е релативно едноставен и брз процес, благодарејќи ѝ на групата бактерии која живее во термалните базени во вулканот Јелоустоун.