Минатата година, Intel го привлече еден од главните мотори за развој на графичката архитектура на AMD, Раџа Кодури, и идните планови на компанијата почнуваат да се одвиваат. Intel потврди дека планира да ја објави својата прва надворешна видео картичка во 2020 година.
Минатата недела на состанокот со аналитичарите, Нобел Шаној од Intel забележа дека компанијата ги разгледува можностите за серверски и клиентски решенија, објави Engadget. Компанијата дејствува прилично брзо во оваа насока, а дури не поминала ни година од привлекувањето на Кодури. Тогаш беше создаден новиот Core and Visual Computing Group оддел.
Во последниве години, Intel ги развива вградените графички решенија, кои сепак не можат да се мерат со продуктивноста со индивидуалните решенија. Ова беше една од главните причини зошто компанијата ќе пушти заеднички производ со AMD, кој нуди вграден Radeon GPU со Core процесор.
Извор: Engadget