Новите информации сугерираат дека Huawei планира телефон со огромен екран од 6,9 инчи, а ќе користи OLED панел кој го произведува Samsung.
Според наводите на медиумите, базирано на изворите од индустријата на дисплеи, Samsung почна со испорака на примероци од дисплеите до Huawei, додека производството со полн капацитет се очекува во текот на третото тримесечје на 2018. година. Врз основа на овој временски период, се очекува Huawei да го објави смартфонот во текот на четвртиот квартал на оваа година или во текот на првото тримисечје на 2019.
Доколку големината на овој екран ја споредиме со некои други модели на Huawei, ќе видиме дека за 0,9 инчи е поголема од Huawei Mate 10 Pro и за 0,8 инчи поголема од Huawei P20 Pro.
Засега не е познато кој уред на Huawei би можел да добие толку голем панел. Можно е дури и да се работи за целосно нова серија на Huawei паметни телефони. Иако дисплејот ќе биде огромен, тоа сепак нема да биде најголемиот екран на некој смартфон. Samsung Galaxy W објавен во 2014. година имаше импресивен 7-инчен дисплеј.