Претходно оваа година, Nvidia го најави она што го нарекува Big Format Gaming Displays (BFGD), кои нудат големина од 65 инчи, со резолуција од 4K, HDR поддршка и максимално освежување од 120 Hz, G-Sync и Integrated Nvidia Shield Android TV.

Во текот на конференцијата за печат на Nvidia на Computex, компанијата истакна дека гејмерите можат да очекуваат Nvidia BFGD кон крајот на летото.

Она што ќе го нуди Nvida е PC монитор во формат и димензии кои ги имаат големите телевизори, овозможувајќи им на оние кои уживаат во гејмингот на големи екрани да ги искористат предностите на PC технологијата како што се 120Hz, G-Sync и HDR.

Asus веќе го претстави својот прв BFGD – Republic of Gamers Swift PG65, кој претставува 65-инчен 120Hz монитор со DCI-P3 спектар на бои, осветлување од 1000 нита и со Direct-Lit Full-Array LED позадинско осветлување. Acer и HP исто така донесуваат слични решенија.

Nvidia не објави информации за цените на претстојните Big Format Gaming Displays