Сите кои ќе го купат албумот Utopia ќе добијат 100 Аудиокони, инаку две години старата криптовалута која настана за потребата на музичката индустрија.

Исландската пејачка Бјорк е позната по експериментирање, па ни овој пат не изненадува што во оваа музика ја воведува криптовалутата.

Имено, најави соработка со британскиот стартап Blockpool со што акцентот на новиот албум ќе го стави на новите технологии. Не само што фановите ќе можат новиот албум да го платат со криптовалути, туку всушност и ќе ги добијат со купувањето.

Сите кои ќе го купат албумот Utopia ќе добијат 100 Аудиокони, инаку две години старата криптовалута која настана за потребата на музичката индустрија.

Понатаму, со интеракција на онлајн платформите и доаѓањето на концертите, фановите имаат шанса да заработат дополнителни коини. Се уште не е јасно како тоа ќе изгледа во пракса, но според пишувањетп на Engadget, проектот има потенцијал да ги донесе криптовалутите до масите.