Од Instagram конечно објаснија кои фактори му се битни на алгоритамот кој одлучува кои објави ќе им се прикажуваат на корисниците на врвот на feed-от.

Пред две години Instagram, по пример на Facebook, најави голема промена на алгоритмите со кои е променет и редоследот на прикажување на објавите на оваа социјална мрежа. Наместо прикажувањето на последните објави на врвот, на корисниците прво им се прикажуваа објавите за кои алгоритaмот сметал дека ќе им бидат најинтересни и најважни – оваа промена голем број луѓе не ја дочекаа со воодушевување, но со текот на времето се навикнаа на неа.

Иако повеќето корисници сакаат избор, односно самите да одлучат дали објавите ќе се прикажуваат по времето на објава или по желбите на алгоритaмот, ваквиот избор сѐ уште нема да го добијат, но сега барем знаеме како алгоритaмот носи одлука за објавите што за корисниците се помалку или повеќе важни и кои ќе се прикажуваат на врвот.

Алгоритaмот на Instagram има три најважни фактори – интереси, неодамнешна објава и поврзаност. Интересите се однесуваат на важноста на објавата за корисниците, при што најважните објави се прикажуваат на врвот, втoриот факт е важен бидејќи за Instagram приоритет се поновите објави, додека поврзаноста се однесува на врската помеѓу корисникот и личноста што ја објавила фотографијата или видеото на социјалната мрежа – колку е поголема интеракцијата со некој на Instagram, толку е поголема веројатноста содржината на таа личност да се прикажува на врвот.

Исто така, за алгоритaмот се важни уште три фактори според кои одлучува за прикажувањето на објавата на мрежата – прв фактор е зачестеноста на отворањето на апликацијата, потоа бројот на следбеници, бидејќи ако корисниците следат голем број луѓе, ќе им се прикажуваат помалку објави од одредени личности, а повеќе содржини од луѓето што ги следат. Последниот фактор е користење. Врз основа на времето што се поминува на Instagram, алгоритамот одлучува кога е потребно да се прикажуваат само најдобрите објави и дали на корисниците воопшто ќе им прикажува помалку интересни фотографии и видеозаписи.

Од компанијата тврдат дека никогаш не ги кријат објавите и ако корисниците продолжат да ја скролаат содржината, на крајот ќе им се прикажат сите објави, само не според временскиот редослед со кој биле објавени.

Извор: Zimo.hrTech Crunch