Кинеската компанија Xiaomi се издигнува во вистински технолошки гигант, а уште една аналитичка компанија го потврдува тоа.
Аналитичката компанија “Gartner” објави информации за состојбата на мобилниот пазар во првиот квартал од оваа година во кој што е забележан раст на продажбата на телефони во однос на минатата година од 1,3%.
Трендот кој што веќе со години не се менува е доминацијата на Samsung и Apple – иако јужнокорејската компанија оствари благ пад на испораката на телефони, сепак Samsung и натаму е недопирлив на пазарот со удел поголем од 20%. Apple забележале пораст на пораката од околу 2 милиони Ајфони во однос на истиот период од минатата година, па компанијата сега на пазарот има удел од 14,1%.
Huawei цврсто го држи третото место – во првиот квартал од оваа година кинеската комапнија испорачала повеќе од 7 милиони паметни телефони и со повеќе од 40 милиони испорачани паметни телефони сега има удел од околу 9% од пазарот.
Сепак, најголемо изненадување е Xiaomi – оваа кинеска компанија бележи вртоглав раст и со испорачани 28,5 милиони телефони го зазема четвртото место со раст од огромни 124%. Очекувањата од Xiaomi во иднина се уште поголеми, затоа што сега кинеската компанија, покрај пазарот во Азија, се насочува и кон европскиот пазар, а тоа е од голема важност затоа што компанијата планира наскоро да излезе на берза на која што вредноста на Xiaomi би можела да достигне дури 100 милијарди долари.
Според “Gartner”, во текот на првите три месеци оваа година биле продадени 383 милиони паметни телефони, што е за пет милиони повеќе во однос на истиот период од минатата година.
Сепак, од компанијата откриваат дека забележан е пад на продажбата на премиум „флегшип“ телефоните, односно раст на продажбата на телефоните од ниска и средна категорија.
Извор: Zimo.hr