Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека Uber ја завршил својата работа во Турција, по притисоците на такси превозниците во Истанбул кои обвинија дека оваа компанија за превоз е нелегална и ги повикаа властите да ја забранат.
„Ројтерс“ пренесува дека во Истанбул работат околу 17.400 таксисти, а откако Uber влегол во земјата во 2014 година тензиите значително се зголемиле.
Од компанијата Uber не ги коментирале изјавите на Ердоган. Откако биле објавени промените во лиценцирањето за транспорт, од компанијата рекле дека сакаат да работат со сите засегнати страни да го подобрат транспортот и да бидат вистнски партнер на Турција на долг рок.
Од компанијата не го откриле бројот на корисници во Турција. Uber е присутен во Истанбул и во летниот период во Бодрум и во Чешме.