Американската компанија Apple потрошила речиси 200 милиони долари за стартапот Xnor.ai, кој работи на развивање системи на вештачка интелигенција за паметните апарати, посебно оние кои работат независно од мрежите и немаат достап до „облачните“ податоци, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

Според весникот, за стартапот претендирале и Amazon, Microsoft и Intel. Понудата на Apple била најприфатлива, истакнуваат извори за изданието.

Според нив, технологиите на Xnor.ai за паметни апарати им овозможуваат на корисниците на Епл целосно да ги контролираат своите лични податоци. Исто така, со технологиите на Xnor.ai, критично важни апликации можат да продолжат да работат и во услови на прекин на врската со „облакот“.

Овој чекор на Apple може да стане важен дел од маркетингот на компанијата, затоа што таа се обидува да биде поразлична од Google или Facebook, истакнуваат познавачите. Аппле не коментираше за купувањето на компанијата.