Самоуправувачки автомобил Tesla удри во полициско возило во Лагуна Бич, Калифорнија. Ова е најновиот инцидент во кој е вмешано едно од експерименталните возила кои се движат без возач.
– Постојано им напомнуваме на возачите, кога користат автопилот да ги држат рацете на воланот и да го држат автомобилот под контрола во секој момент. Тесла многу добро знае дека автопилотот не може да ги избегне сите непредвидени ситуации – изјави портпаролката на компанијата по инцидентот.
Според полицијата, жената која требало да ја контролира работата на автоматскиот наведувачки систем на Tesla возилото признала дека додека автомобилот бил на автопилот таа гледала во телефонот.