Смартфонот Moto Z3 Play најверојатно ќе биде прв модел од оваа серија кој ќе имплементира долг екран со 18:9 однос на екранот. Ова сега е потврдено и преку најновиот протечен рендер на телефон.

Покрај ваквиот формат, уредот во Play линијата прв пат ќе донесе и систем со две камери на задната страна. MotoMods опцијата ќе биде поддржана и оваа гофина, а Z3 Play ќе има задна страна од стакло што е тренд во последно време.

Интересно е дека Moto Z3 Play нема да има традицинално поставен сензор на отисок од прстот. Тој нема да се наоѓа ни од предната, ниту од задната страна, што сугерира дека би можел да биде сместен во рамките на Power копчето, од десната страна на телефонот.

Останатите спецификации на Moto Z3 Play би требало да вклучуваат 6-инчен 2160 x 1080p екран, Snapdragon 636 чипсет, 4 GB RAМ и 32 GB простор за складирање, односно 6GB RAM и 64GB интерна меморија, како и 3000 mAh батерија. Оперативниот систем би требало да биде Android Oreo.