Последниот квартал од минатата година беше прв во историјата на паметните телефони, во кој е објавен пад во нивната глобална продажба. Аналитичарите од Gartner го објавија новото истражување за развојот на мобилната индустрија, од кое разбираме дека ситуацијата се стабилизираше во периодот меѓу јануари-март 2018 г. Конкретните податоци откриваат дека водечките производители реализирале продажба на 383.5 милиони смартфони што е 1,3% зголемување во однос на истиот период во 2017-та. Ова значи дека иако со мало темпо, глобалниот пазар почна да се опоравува од падот на крајот на минатата година.
Се забележува и трендот на повеќе луѓе да преферираат да инвестираат во смартфон, отколку за етин мобилен телефон и 84% од испораките се токму на такви уреди. Најголемиот производител во индустријата продолжува да е Samsung, кои продале 78.5 милион смартфони Galaxy и поседуваат пазарен удел од 14,1%, информира AndroidHeadlines. Втората позиција е повторно за Apple, која генерира 14,1% од испораките или 54 милиони iPhone продадени уреди за првите три месеци од годината. Huawei продолжува да работи добро и веќе има удел од 10,5%, благодарение на 40,4 милиони продажби.
Android доминира со глобалниот пазар на смартфони и поседува 85.9% од акциите, додека уредите со iOS се причина за 14.1% од продажбите. Вториот квартал од годината традиционално е поврзан со помал интерес меѓу корисниците и е многу веројатно ситуaцијата да се задржи идентична и во 2018-та. Есента традиционално е силна сезона и поради многуте премиери кои не очекуваат од најпопуларните брендови. Можеме да бидеме сигурни дека продажбата ќе се зголеми значително во втората половина од 2018 година.