Калифорнија почна пилот проект за дигитални таблички на кои освен регистарските ознаки може да се испишат и разни информации и пораки.

Американската компанија „Ревивер Ауто“ на почетокот на оваа година ја претстави првата дигитална табличка во светот, а планирано е овие таблички во текот на годинава да се најдат на 100.000 автомобили. Во суштина „Rplate pro“ е поедноставен таблет заштитен од надворешни влијанија. На автомобилот се поставува лесно, слично како класичните таблички. Една од функциите на табличките ќе биде при паркирање на неа да се испише до кога е платен паркингот.

Производителот наведува дека овие таблички ќе бидат од корист во случај на кражба на автомобилот затоа што ќе служат и како уред за следење.

Цената на табличката со трошоците за вградување ќе биде 699 долари, а услугата за месечно одржување дополнителни 7 долари.