Секојдневното потпирање на вештачката интелигенција понекогаш може да се врати како бумеранг – лекција што еден млад канадски планинар ја научил на тешкиот начин.
Планичарот Брајс Винсент Гаврилук (16) бил спасен во канадските планини откако следел погрешни упатства од четботот со вештачка интелигенција Claude; тој скршнал од својата планирана рута и останал заглавен под стрмна карпа во Британска Колумбија.
Пред десетина дена, Гаврилук се качил на планината Граус и го замолил Claude да испланира рута до блиската планина Краун и назад. За време на планинарењето, упатствата од четботот го одвеле од патеката кон карпестиот масив Widowmaker, дел кој бара опрема за качување, јажиња и внимателно планирање.
Сфаќајќи дека теренот е премногу стрмен за да продолжи, тој ја повикал мајка си, а потоа и службите за итни случаи. Спасувачката служба на Норт Шор испратила хеликоптер, но поради близината на карпата, морале да спуштат двајца спасувачи за да го извлечат.
Тинејџерот бил пренесен во база за спасување во близина на браната Кливленд.
Менаџерот за пребарување Пол Марки изјави дека тинејџерот имал соодветна облека, чизми, фенерче, резервна батерија и храна, но не бил опремен за искачување по карпи. Тој ги предупреди планинарите да не се потпираат слепо на вештачка интелигенција при планирањето на нивните рути.
