Сопственикот на Rimac Automobile, Мате Римац, објави дека неговата компанија развива проект за автономно возило, т.н. роботaкси

Според него, доколку проектот успее, првите примероци на роботизираното такси може да бидат тестирани на улиците на Загреб во 2024 година.

Мате Римац посочува дека на почетокот на следната година ќе и претстави роботизирано такси на пошироката јавност – автономно возило без возач.

Воедно, Римац вели дека, иако Невера сега завршува со хомологација и тестирање и наскоро ќе започне со сериско производство, проектот за роботизирано такси мора да биде многу поголем од Rimac Automobil.

„Станува збор за голем потенцијал. Прототипот е направен, но мора да го однесеме на повисоко ниво и да го претставиме правилно, веројатно на почетокот на следната година. Нашата идеја е да тргнеме со возења со тоа автономно возило околу Загреб во 2024 година. Ако не успееме со проектот, парите што ги вложивме и кои ќе ги инвестираме, односно стотици милиони, ќе бидат изгубени. Но, нашата цел е да го сториме тоа во 2024 година, заедно со целата неопходна инфраструктура“, вели Римац.

Извор: Додај Гас