Apple можеби подготвува сопствен хибриден уред, кој го користи iOS оперативниот систем, а компанијата истражува нови производни категории како би се проширила надвор од рамките на традиционалните формати на телефони и лаптопи.
Извештајот на сајтот 9to5mac укажува на нов Apple уред, со кодно име Star и со број на модел N84, кој би можел да биде прв лаптоп на компанијата со iOS оперативен систем. Постојат назнаки дека ова би можел да биде правецот во кој компанијата од Купертино би можела да се стреми на подолг период.
Судејќи според се, Apple веќе креираше неколку прототипи на овој мистериозен уред, а некои се тестираат зад затворени врати од страна на вработените на компанијата. ИСтовремено, изворите сугерираат дека раните примероци се креирани во фабриките на Pegatron, каде се произведуваат и iPhone уредите.
Apple за новиот уред го користи EFI (Extensible Firmware Interface) како booting систем, исто како на Mac, што сугерира дека ова претставува знак дека компанијата можеби планира креирање на нов лаптоп, со ARM чипови. Дополнително, уредот е класифициран како “целосно ново семејство уреди и користи дериват на iOS”, што уште еднаш укажува на можноста дека Apple вложува во нов проект како iOS лаптоп.
Останува да се види дали овој мистериозен уред навистина ќе биде iOS лаптоп, или е во прашање верзијата на LCD iPhone, кој се очекува подоцна оваа година, за кој во некои извештаи се тврди дека го носи кодното име N84.