Полека почнуваат да пристигнуваат се повеќе извештаи за последиците од епидемијата на коронавирусот на ИТ индустријата. Еден од таквите извештаи се занимава со пазарот на преносни компјутери, а го пренесува интернет страницата Digitimes.

Се истакнува дека производствените погони повторно го стартувале производството на преносни компјутери во кинеските фабрики, но се соочуваат со недостаток на компоненти, односно ќе се соочат со недостаток почнувајќи од март. Таквиот развој на настаните сигурно ќе ги променат проценките врзани за бројот на испорачани лаптопи во првиот квартал од оваа година, што би требало да доведе до пад на испораките помеѓу 29 и 36 проценти.

Компанијатa Quanta Computer, која меѓу останатото ги произведува MacBook Air и MacBook Pro го интензивираше производството во својата фаврика лоцирана во Тајван, но таквиот потег нема да го реши скорешниот проблем од недостаток на компоненти. Аналитичарите на компанијата Gartner предвидуваат пад на испораките на преносници на годишно ниво, со исклучок на премиум секторот на ултрапреносници.