Шест големи светски банки одлучија да ја искористат заеднички оваа технологија со склучување на партнерство за сопствена криптовалута

Безбедноста е еден од најкритичните аспекти од банкарството и финансиите. Не само што банките мораат да ги чуваат своите пари на сигурно туку мораат и да осигураат безбедни трансакции без при тоа да биде успорен процесот на верификација.

Поради ова банките и останатите финансиски институции веќе некое време размислуваа за преземање на т.н. blockchain технологија што претставува децентрализирана и технологија за дигитално банкарство креирана да ја поддржи криптовалутата биткоин.

Според информациите кои пристигнуваат, шест големи светски банки одлучија да ја искористат заеднички оваа технологија со склучување на партнерство за сопствена криптовалута.

Криптовалутата која засега ја именуваат само со utility settlement coin беше развиена уште во 2015 година од финансискиот сервис UBS, а целта на валутата беше да овозможи безбедни трансакции низ целиот свет преку blockchain технологијата.

Овие шест банкарски гиганти, Barclays, Credit Suisse, Canadian Imperial Bank of Commerce, HSBC, MUFG и State Street им се приклучуваат на UBS, BNY Mellon и останати банки кои веќе работеа на проектот.