Nokia X6 беше претставен во Кина пред помалку од една недела, а изгледа дека телефонот веќе се покажа како полн погодок. Според извештаите, Nokia X6 успеа да се распродаде за 10 секунди, барем кога станува збор за првиот контингент од 700.000 уреди.
Со оглед на дизајнот на телефонот, Nokia X6 би можел лесно да помине како премиум модел, иако го карактеризира хардвер од средниот сегмент.
Убава вест е што Nokia X6 можеби нема да биде ексклузива за кинескиот пазар, како што беше напоменато првобитно. HMD Global неодамна направи анкета, каде од корисниците побара мислење дали би сакале да видат глобална верзија на X6 моделот. Крајниот резултат од 92 процента кои гласаа “за”, сугерира дека Nokia X6 ќе пристигне и во другите држави.
Оваа идеја дополнително би можел да ја подгрее моментниот резултат на продажба кој е забележан во Кина, а дали X6 навистина ќе се појави во Европа, останува да се види.