Американска компанија започнува со развој на автомати за пиво. Основачот на компанијата Роберт Гефер сподели неколку причини зошто досега сме немале автомати за пиво.
Како најголема причина е тоа што е тешко да се осигураш дека само возрасни ќе ја користат, а исто така, стандардните автомати за пијалоци можат да ја растресат лименката така што при отварање на пивото половина би истекло.
Но, BeerBox е автомат за пијалок што сам ти ја отвара лименката. Гефер објасни дека BeerBox е тоа што сите го чекаме, особено за време на концерти или спортски натпревари кога се чека по многу време на шанковите за да се земе едно пиво.
Исто така, има многу места каде што нема доволно простор за да се намести шанк, така што и тука се потребни автомати за пиво.
Сепак, има и технолошки предизвик за да се изработи таков автомат. Машината треба да реплицира како прстите ја отвараат лименката и исто така треба да препознава дали лименката е правилно наместена или е со отворот надоле.