Поголем број корисници ќе можат да применат напредна и персонализирана вештачка интелигенција во секојдневниот живот.

Samsung Electronics официјално го најави лансирањето на One UI 8, нова верзија на корисничкиот интерфејс што носи напредни мултимодални можности за вештачка интелигенција, подобрено корисничко искуство и проактивни персонализирани предлози.

One UI 8 прво ќе пристигне на серијата Galaxy S25 почнувајќи од оваа недела, како и на серијата Galaxy S24, Galaxy Z Fold6, Galaxy Z Flip6, Galaxy S24 FE и дополнителни уреди во текот на годината.

Новата верзија се фокусира на контекстуални и персонализирани предлози што се вклопуваат во дневните рутини на корисниците, а воедно обезбедува највисоки стандарди за безбедност. Посебен акцент е ставен на Knox Enhanced Encrypted Protection (KEEP), архитектура што создава посебни шифрирани средини за секоја апликација, како и на Knox Matrix системот што автоматски реагира на потенцијални безбедносни закани.

Покрај безбедносните иновации, One UI 8 носи и нови функции базирани на вештачка интелигенција, како што се:

  • Now Bar – прикажување на апликации и содржина во реално време, сега со поширока поддршка од трети страни.
  • Now Brief – Персонализирани ажурирања и препораки, вклучувајќи сообраќај, потсетници, мултимедијална содржина и здравствени податоци од вашиот Galaxy Watch.
  • Gemini Live – AI комуникација во реално време базирана на визуелни и аудио податоци.
  • Circle to Search with Google – подобрено интерактивно пребарување и преводи во реално време.

Подобреното искуство е достапно и на Galaxy уредите во сите формати – од паметни телефони и таблети до преклопни уреди. Функции како што се AI Results View, Audio Eraser и нови опции за прилагодување на интерфејсот дополнително ги прошируваат опциите за персонализација.

Samsung вели дека One UI 8 комбинира напредна вештачка интелигенција, моќни алатки за продуктивност и врвни безбедносни стандарди за да го направи секојдневниот живот на корисниците попаметен, побезбеден и поудобен.