Logitech претстави нов ергономски вертикален глушец, дизајниран за луѓе со мали дланки/ раце, наречен Lift.

Lift е мал, безжичен глушец, кој пристигнува по прифатлива цена од 70 долари. Достапен е во различни бои и е погоден за употреба со десна или лева рака.

Она што го издвојува Logitech Lift од традиционалните глувци е дизајнот. Lift има агол од 57 степени, кој го следи обликот на човечката дланка за да биде во иста положба како ракување.

Се чини дека Lift е помала верзија на глувчето MX Vertical, чија цена е 100 долари. Lift ги има сите функции што ги нудат традиционалните глувци – лево и десно копчиња, тркалце за лизгање, копче DPI и две копчиња кои можат да се програмираат и до кои може да се пристапи со палецот.

Lift користи и софтвер Logitech Flow, кој овозможува глувчето да се поврзува и користи на повеќе уреди истовремено, без оглед на оперативниот систем. Сите овие уреди бараат апликациите Logi Options Plus да работат во заднина.