Mobileye, дивизија на Intel за автономни возила, потпиша договор за обезбедување на самовозечки технологии за осум милиони автомобили за европски производител, наведува Ројтерс, цитирајќи еден функционер на компанијата.
Intel му го потврди овој договор на сајтот Mashable, иако условите на договорот и идентитетот на производителот не се откриени.
Условите на фоговорот ќе бидат облеоденети во 2021. година, кога ќе биде објавен новиот EyeQ5 чип на Intel, дизајниран за покренување на целосно автономните возила.
Intel веќе долго се натпреварува со конкуренцијата Nvidia и AMD за да обезбеди чипови за снабдување на автономните возила. Nvidia кон крајот на минатата година се сметаше за доминантен производител.
Mobileye моментно работи со повеќе производители, вклучувајќи ги General Motors, Nissan, Audi, BMW, Hondu и Fiat Chrysler, на тоа за да обезбеди снабдување на различни нивоа на самовозечки технологии. Договорот на ово ниво е јасен сигнал за секоја друга компанија која произведува самовозечки чипови, дека ќе мораат да дадат се од себе за да му парираат на Intel.