Google официјално ја претстави долгоочекуванаta музичка услуга, која треба да go наследи Google Play Music. Новата платформа за стриминг е наречена YouTube Music и директно ќе се натпреварува со популарните сервиси Spotify и Apple Music. Главниот фокус во развојот на аудио услугата се можностите за персонализација и алгоритмите, кои „разбираат“ какви стилови сакате и кои учат од вашите преференци.
Услугата е наменета за љубителите на музика кои сакаат да откријат нови и привлечни уметници, но исто така не се ограничени само на звукот. YouTube Music, исто така, ќе понуди разновидна видео колекција што нема да ја најдете никаде на друго место на интернет. Токму оваа мултимедијална компонента се очекува да го освои вниманието на повеќето луѓе и да ја претвори платформата во посериозен конкурент на Spotify.
Официјалната премиера на YouTube Music ќе се случи на 22 мај, кога ќе биде достапна во САД, Австралија, Јапонија, Мексико, Јужна Кореја и Нов Зеланд, а после неколку недели ќе биде достапна и во други земји.
Од компанијата, исто така, информираа дека ќе го објават и YouTube Premium, што практично ќе биде обновената услуга YouTube Red која функционира на принципот на претплата.
Новата верзија на YouTube Music, во која ќе има и реклами ќе се нуди бесплатно, додека YouTube Music Premium – платениот сервис каде што нема да се прикажуваат реклами, ќе чини 9,99 долари месечно, информираат од YouTube.