Едно училиште во Кина почна да користи технологија за препознавање на лица, чија задача е да ги следи учениците и да открие доколку не ја следат наставата.

Три камери се поставени над таблата во училиште во Хангжоу во источниот дел на Кина, а системот може да препознае седум различни фацијални експресии: неутрална, среќна, тажна, разочарана, лута, исплашена и изненадена и на тој начин да востанови дали се фокусирани на наставата. Доколку тоа не е случај, системот го известува наставникот. Засега системот е присутен само во една училница, но до лето ќе го добијат и останатите училници.

“Порано бев мрзелив, спиев или читав други книги за време на часовите кои не ги сакав, но сега не се охрабрувам да го правам тоа откако камерите се поставени во училницата. Се чувствувам како константно да ме гледаат некои мистериозни очи”, изјави еден од учениците.

Овој потег наиде и на критики, но директорот верува дека технологијата ќе ги подигне образовните стандарди.

“Тоа е исто како наставниците да имаат асистенти, така што технологијата може да го зголеми квалитетот на предавањата и учењето. Некои рекоа дека со ова се нарушува приватноста на учениците, но камерите само ги следат нивните движења, а не ги снимаат активностите во училницата”, истакна директорот на училиштето.