Најновата верзија на софтверот iOS 26 ја тестираат инженерите на Apple и наскоро ќе им биде достапна на корисниците.

Apple ја објави четвртата верзија за развивачи на својот нов оперативен систем, iOS 26, која носи промени во дизајнот, како и сумирани известувања за вести со помош на вештачка интелигенција.

Како што објави порталот Tech Crunch, новата верзија ќе биде достапна за јавно бета тестирање, кое е најавено за наредните денови.

Бета верзијата на iOS 26 воведува нов екран „Welcome“ и воведни прикази за клучните функции, како што се подобрените опции за Siri и камерата.

Apple продолжува да го усовршува својот таканаречен Liquid Glass дизајн, воведувајќи повисоко ниво на транспарентност во некои апликации, како и нова динамична позадина што ги менува боите.

Како што е наведено, заедно со iOS 26, објавени се и бета верзии на iPadOS, macOS, watchOS, tvOS, visionOS и Xcode.