За гледање на порнографија онлајн во Велика Британија ќе биде потребно да скенирате документ за идентификација, картичка од банка или пак да купите специјална пропусница која ќе можете да ја добиете само ако сте полнолетни.
Како дел од заштитата на малолетниците од изложеноста на порнографската и сексуалната содржина во Велика Британија наскоро треба да стапи на сила законот според кој за пристап до порнографска содржина корисниците најпрвин ќе мора да потврдат дека се постари од 18 години.
Некои од предлозите вклучуваат скенирање на пасош, лична карта, возачка дозвола или картичка од банка, за да се потврди идентитетот и годините.
Сепак, многумина се противат на ова, со оглед на тоа што доколку дојде до крадење на податоците, јавно ќе може да се знае кој се има претплатено за гледање на порнографски содржини на интернет.
Поради тоа, се споменува идејата за продажба на посебни пропусници кои што ќе се продаваат во киосци или во продавници, би се продавале по цена од 10-тина фунти и слично како при купување на алкохол, за купување на таа пропусница ќе мора купувачот да потврди дека е полнолетен.
За верификација на годините при пристапот на порнографските страници ќе се користи алатката AgeID и преку неа, корисниците ќе треба само еднаш да ги внесат своите податоци и потоа ќе можат слободно да пристапат до порнографската содржина на интернет.