Meta планира да создаде суперинтелигенција која ќе биде надгледувана од водечки истражувачи и научници.

Извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг, планира да инвестира стотици милијарди долари во инфраструктура за вештачка интелигенција (AI), со цел да изгради проект „Суперинтелигенција“.

„Градиме компјутерски мрежи со моќност од неколку гигавати“, рече Цукерберг.

Meta заостанува во генеративната AI, доминирана од OpenAI, уште од лансирањето на ChatGPT и Google Gemini.

Сите лидери во таа индустрија се фокусираа на таканаречената „вештачка општа интелигенција“ или „суперинтелигенција со когнитивни способности“ супериорна во однос на луѓето, способна самостојно да прави научни откритија и нови технологии.

„Првата (компјутерска мрежа), која ја нарековме Прометеј, ќе биде оперативна во 2026 година. Исто така, го градиме и Хиперион, кој ќе може да достигне капацитет од пет гигавати во текот на годините“, рече Цукерберг.

Пет гигавати енергија е еквивалентна на годишната потрошувачка на електрична енергија од еден до четири милиони американски домаќинства.