Популарната услуга за видео содржини го олеснува пребарувањето на содржини.

YouTube воведе нова функција за полесно пребарување на содржини и информации со помош на вештачка интелигенција.

Како што објави Tech Crunch, „AI carousel“ за пребарување е достапна за корисниците на YouTube Premium во САД.

Прикажува описи на теми генерирани од вештачка интелигенција, а потоа предлага видео клипови, олеснувајќи го пронаоѓањето на содржината што ја сакате.

Како што е наведено, оваа алатка може да го намали бројот на кликови за време на пребарувањата на платформата на YouTube.