Intel имаше сериозни проблеми со 10nm производен процес, но изгледа дека наскоро ќе го видиме еден од новите 10 нанометарски процесори на компанијата од серијата Cannonlake.
Според информациите од документ на еден кинески малопродажен синџир, Lenovo го подготвува новиот лаптоп Ideapad 330, кој би требало да биде прв на пазарот со Intel 10nm Cannonlake процесор. Претстојниот лаптоп има Core i3-8121U процесор, AMD Radeon RX 540 2GB дискретна графичка картичка и до 8GB DDR4 RAM меморија.
Лаптопот ќе има и до 1TB 5400RPM механички HDD и 256GB SSD. Ideapad 330 пристигнува со 15.6-инчен TN панел со резолуција 1366 x 768 пиксели.
Новиот Core i3-8121U на Intel е 2C/4T процесор @2.2GHz (boost до 3.1GHz), со TDP од 15W.