Претходно се појавија информации дека Honor го има во подготовка V30 телефонот со 5G поддршка, а најновите протечени вести од Кина ни сугерираат што уште можеме да очекуваме од овој телефон.

Според наводите на инсајдерите, Honor V30 ќе има punch-hole дисплеј (како Honor V20/View 20 моделот), но во отворот овој пат ќе бидат сместени две предни камери.

Екранот има малку закривени рабови, со тоа што рамките од страна и натаму се видливи. Долната рамка делува потенко од претходникот, додека во горниот дел речиси и да нема место за слушалка/микрофон.

Honor вообичаено ја објавува својата V линија подоцна во текот на годината, а се очекува дека телефонот глобално ќе пристигне како View 30.