Кога ќе ги видите толпите како со нетрпение го очекуваат појавувањето на маж во шеесеттите години, кој е толку популарен што жените дури бараат да им се потпише на градник, веројатно би помислиле дека е некоја многу позната рок-ѕвезда.
Токму тоа би можеле да го кажеме за Јенсен Хуанг – дека тој е рок-ѕвездата на технолошката индустрија.
Популарноста на харизматичниот шеф на Nvidia значително порасна во последните неколку години, со бумот на вештачката интелигенција. Причината е јасна – обуката за вештачка интелигенција бара моќен хардвер, а Nvidia го обезбедува токму тоа. Побарувачката за нивните чипови е исклучително висока, поради што Nvidia еднаш дури стана и компанија со најголема пазарна вредност во светот, а сè уште е на врвот.
Нејзината пазарна вредност е речиси 3,5 билиони долари, што ја става пред Apple, Alphabet и Meta.
Најзаслужен за овој успех е Хуанг, кој самиот може да се пофали со богатство од повеќе од 120 милијарди долари.
Original video of the Jensen Huang signature pic.twitter.com/1pW1nMEFRS
— Ananay (@ananayarora) June 5, 2024
Човекот во кожната јакна
Тој неодамна беше во Лондон, каде што беше главна ѕвезда на Tech Week. Долго пред да пристигне на конференцијата, почнаа да се формираат редици обожаватели кои сакаа да го видат, да слушнат сè што има да каже и, ако успеат, да добијат автограм и да се сликаат со него. Тој е како Iron Man, објави CNBC коментарот на посетител на технолошката конференција, нагласувајќи дека Хуанг станал извршен директор со кого сите сакаат да бидат видени бидејќи неговата компанија е во центарот на револуцијата на вештачката интелигенција.
На Tech Week, облечен во својата препознатлива кожна јакна, тој ја пофали технолошката сцена на Велика Британија, на која светот и завидува, и нагласи дека е одлична земја за инвестиции, а исто така нè потсети и како некои големи компании за вештачка интелигенција, како што е DeepMind, беа основани во таа земја.
Делејќи ја сцената со британскиот премиер Кир Стармер, тој најави и партнерства во Велика Британија со цел едукација на технолошките работници за да можат да создадат сопствена инфраструктура за вештачка интелигенција.
„Инфраструктурата овозможува повеќе истражувања – повеќе истражувања, повеќе нови откритија, повеќе компании“, објасни Хуанг.
Поврзани артикли