Хакерите се многу заинтересирани за Android паметните телефони поради нивната популарност на пазарот. Отворената природа на оперативниот систем, исто така, придонесува за нивни чести сајбер-напади.

Најновиот извештај „ThreatMetrix“ открива колку често се случуваат ваквите напади во индустријата. Според официјални податоци, само во првата половина на годинава се извршени над 150 милиони напади, кои ги изложуваат на ризик сопствениците на паметни телефони со двете мобилни платформи.

Во овој период се регистрирани 361 милион обиди за злосторства од овој тип, но помалку од 50 од нив се успешни, пренесе „AndroidHeadlines“. Бројките не се случајни, бидејќи во моментов 60 отсто од сите банкарски трансакции во светски рамки се вршат од смартфоните. Eкспертите од „ТhreatMetrix“ успеваат да анализираат над 17,6 милијарди трансфери меѓу мобилните уреди во првите шест месеци од 2018 година.

Податоците покажуваат голем пораст во нападите со ботови, кои се 2,9 милијарди во првата половина на 2018 година. Ова не е случајно, бидејќи потрошувачите направиле трипати повеќе финансиски трансакции преку паметни телефони во последните три години. Околу 85 отсто од сите трансакции доаѓаат од социјални мрежи или апликации за состаноци. Податоците покажуваат дека САД и понатаму остануваат главната цел на хакерите, но се забележува раст на нападите и во Европа.