Управувањето на сајбер-нападите на руската информациска инфраструктура доаѓаат, во главно, од ЕУ и САД, изјавил заменик директорот на Националниот координациски центар за компјутерски инциденти, Николај Мурашов.

“За напади на руските информациски ресурси, како по правило, се користат центрите за управување, кои се наоѓаат на територија на САД и ЕУ”, рекол Мурашов на конференцијата во прес-центарот во Москва.

Националниот координациски центар, заедно со странските партнери, од почетокот на годината одбил сајбер напади кои биле извршени на повеќе од 7.000 објекти во Русија и во државите од Организацијата на Договорот за колективна безбедност – ODKB, додал тој и потсетил дека во текот на “Директна линија со Владимир Путин имало пет неуспешно изведени сајбер-напади”.

Мурашов соопштил дека САД обиле консултации со Русија во врска со сајбер нападите, дури и на експертско ниво.

“САД секогаш знаат однапред кој е виновен. На листата секогаш имаат четири држави – Русија, Кина, Северна Кореја и Иран. Поради страв да не бидат откриени, САД одбиваат билатерални експертски консултации со Русија, бидејќи тие би можеле да ја покажат неоснованоста на нивните политички одлуки”, рекол рускиот експерт.

Според неговите зборови, разузнавачкото друштво во САД, дури и без докази, има смелост да обвини други земји за компјутерски напади.

Извор: Kurir.rs