Јужнокорејската компанија би можела да замени еден од своите премиум модели со новиот Edge.
Samsung неодамна го претстави Galaxy S25 Edge, а веќе се појавија гласини за неговиот наследник – очигледно, дефинитивно ќе има еден. Според јужнокорејски извори, Galaxy S26 Edge ќе биде лансиран заедно со моделите Galaxy S26 и Galaxy S26 Ultra.
Ако забележавте дека нешто недостасува, не сте погрешиле. Гласините сугерираат дека Samsung моментално размислува да го прекине производството на моделот Galaxy S26+, бидејќи верзијата Plus е најлошо продаваниот модел во нивната премиум линија веќе неколку години.
Доколку ова се случи, Galaxy S26 Edge практично ќе го замени Galaxy S26+ во линијата на Samsung. Ако ова ви звучи познато, тоа е затоа што се шпекулира дека Apple планира да го замени својот модел iPhone Plus со iPhone 17 Air, кој, исто како и Galaxy Edge, го нагласува тенкиот дизајн како единствена продажна точка.
Сепак, треба да се напомене дека ова е многу рана гласина, бидејќи Samsung штотуку започна со развој на серијата S26. Работите сè уште можат да се променат, а според самата формулација на гласината, компанијата сè уште не донела конечна одлука, но сериозно размислува да го откаже S26+ во корист на S26 Edge.
За да имате претстава колку лошо се снаоѓа S25+, Samsung има за цел да продаде вкупно 37,7 милиони единици од Galaxy S25, S25+ и S25 Ultra оваа година. Од тоа, продажбата на Ultra изнесува 17,4 милиони, основниот S25 13,6 милиони, додека S25+ само со 6,7 милиони продадени единици.