Поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмит, изјави дека е загрижен дека вештачката интелигенција би можела да биде искористена од терористи или непријателски држави за да им наштетат на невини луѓе.
„Вистинските стравови што ги имам не се оние за кои повеќето луѓе зборуваат со вештачката интелигенција, јас зборувам за екстремен ризик“, изјави Шмит за BBC.
Технолошкиот милијардер, кој беше на високи позиции во Google од 2001 до 2017 година, рече дека „Северна Кореја, или Иран, па дури и Русија“ би можеле да ја усвојат и злоупотребат технологијата за создавање биолошко оружје.
Софтверскиот инженер ги повика државите да спроведат надзор над приватните технолошки компании кои развиваат модели на вештачка интелигенција, но исто така предупреди дека прекумерната регулатива може да ги задуши иновациите.
Шмит ги поддржа американските извозни контроли на моќни микрочипови кои ги напојуваат најнапредните системи за вештачка интелигенција.
Пред да ја напушти функцијата, поранешниот американски претседател Џозеф Бајден го ограничи извозот на микрочипови во сите земји освен во 18 земји, со цел да го забави напредокот на противниците во истражувањето на вештачката интелигенција.
Таа одлука би можела да ја поништи актуелниот американски претседател Доналд Трамп, објави BBC.