Кристијано Роналдо е светска позната фудбалска ѕвезда, модел, филантропист, како и претприемач.
Во последните неколку години тој беше инволвиран со промоција на неколку технолошки производи вклучувајќи уред за стимулација на мускули, брендираните слушалки Monster и ZTE мобилен телефон.
Но сега, спортската ѕвезда се заврте кон филмската индурстрија. Нова драмска серија која ќе биде емитувана на Facebook Watch ќе се одвива околу животот на женски фудбалски тим од еден мал град во државата Њујорк
Шоуто е напишано од креаторите на Memphis Beat, Лиз Гарсија и Џош Харто, а продуцирано од Пол Ли.
Играчите од различни раси, како и редовните победи ќе му помогнат на малиот град да надмине некои од етничките проблеми со кои што редовно се соочува.
Facebook Watch секојдневно додава нова содржина на својата видео платформа, вклучувајќи спортски емисии, натпревари во компјутерски игри, како и мини драмски серии.