Mercedes најави дека новите EQ електрични возила конечено ќе станат реалност. Производителот на автомобили претстави нов прототип на својот EQC SUV напоменувајќи дека производството на моделот ќе започне во 2019. година.

За време на јануари и март во северна Шведска, новиот модел ги помина сите тестови за возење низ зимски услуви. Во јули и август се закажани тестовите кои ќе покажат како возилото се однесува на жешките патишта во Шпанија.

Новата серија на Mercedes го стави германскиот производител среде компетативниот пазар на електрични возила како што се Tesla Model X и Jaguar I-Pace. Двојниот мотор дава 400 КС со домет од 470 километри на едно полнење.

Како и да е, главна предност на ова електрично возило е тоа што однапред може да се види препознатливиот знак на Mercedes кој гарантира квалитет и сигурност.