Некои од претходно овозможените поставки на iPhone-ите може да им дадат на хакерите пристап до вашите лични информации како лозинки, банкарски сметки итн.
Затоа, треба да ги промените овие поставки пред сајбер-криминалците да добијат пристап до вашите чувствителни податоци и да ги искористат украдените информации за да ги преземат вашите сметки.
Американската NSA (Агенција за национална безбедност) предупредува дека ризикот и опасноста се реални, односно дека овие „злонамерни техники се јавно познати и широко користени“.
Поставката за Wi-Fi што се користи за нападот се нарекува „Auto-Join“ и се користи за автоматско поврзување на iPhone-ите со јавните достапни точки и Wi-Fi мрежите во баровите, рестораните, кафулињата, книжарниците итн.
Стандардно, овие поставки се поставени така што вашиот телефон автоматски се поврзува со мрежа или пристапна точка, практично поставувајќи мета на вашиот телефон.
За да го намалите ризикот, исклучете ја функцијата „Auto-Join“ на вашиот iPhone.
За да ја оневозможите оваа функција, одете во „Settings” > “Wi-Fi” > “Ask to Join Network“. Кога ќе го изберете ова, ќе имате три опции и изберете „Off“ или „Ask“.
Потоа вратете се во „Settings” > “Wi-Fi” > “Auto-Join Network“ и изберете „Never“ или „Ask to Join“.