Google вчера објави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во „Заливот на Америка“ на Google maps откако администрацијата на Доналд Трамп ќе ги ажурира своите „официјални владини извори“.
Компанијата објави и дека ќе почне да го користи името „Планината Мекинли“ за планината на Алјаска која моментално се вика Денали, пренесува Си-ен-би-си.
Минатата недела, претседателот Доналд Трамп потпиша прописи кои вклучуваат промена на името на официјалните карти и во официјалните комуникации на федерално ниво.
We’ve received a few questions about naming within Google Maps. We have a longstanding practice of applying name changes when they have been updated in official government sources.
— News from Google (@NewsFromGoogle) January 27, 2025
„Добивме неколку прашања за имињата во рамките на Google maps“, се вели во објавата на социјалната мрежа X.
„Нашата долгогодишна практика е да ги спроведуваме промените на имињата кога тие се ажурираат во официјални владини извори“.