Microsoft најави крај на поддршката за Teams Rooms на Windows 10.
Почнувајќи од 14 октомври 2025 година, Teams Rooms за Windows 10 веќе нема да добива безбедносни ажурирања и нови функции. За оние кои не знаат, токму на овој датум Microsoft ќе престане да го поддржува оперативниот систем Windows 10.
Компанијата од Редмонд вели дека оние кои сакаат да продолжат да ги користат најновите функции за продуктивност, безбедност и управување ќе треба да ги надградат своите уреди на Windows 11. За жал, за некои корисници, ова ќе бара и надградба на хардверот.
Teams Rooms се наменски системи или хардвер инсталиран во салите за состаноци за подобрување на искуството со видео конференции. Услугата комбинира специјализиран хардвер, како што се звучници, дисплеи, камери и микрофони, кои работат во тандем со софтверот Microsoft Teams.
Ако хардверот за Teams Rooms на корисникот сè уште работи со Windows 10, се препорачува да се надгради на Windows 11, а ако корисникот има уред со хардвер што не ја поддржува надградбата, ќе треба да најде соодветна замена на хардверот.
Поврзани артикли