Линијата Honor фокусирана на игри го доби својот најнов член – Honor GT.

Овој модел има Snapdragon 8 Gen 3 процесор со големо VC ладење, батерија од 5.300 mAh и полнење од 100 W.

Екранот на моделот Honor GT е со дијагонала од 6,7 инчи со AMOLED технологија и FHD+ резолуција и брзина на освежување од 120 Hz.

Максималната осветленост е 4.000 нити, а на екранот има и скенер за отпечатоци, додека горе има селфи камера од 16 MP.

Чипот Snapdragon 8 Gen 3 е поврзан со до 16GB RAM и 1TB простор за складирање. Honor го додаде и својот Honor 3D систем за ладење.

На задната страна има камера од 50 MP (IMX906) заедно со ултра широк објектив од 12 MP, додека на страната на софтверот има MagicOS 9.0 базиран на Android 15.

Honor GT доаѓа во Ice White, Phantom Black и Aurora Green бои. Цената за моделот 12/256 започнува од 302 долари, додека верзијата со 16 GB RAM и 1 TB простор за складирање со најмоќните спецификации е околу 450 долари.

Уредот е веќе достапен за купување во Кина, а прашање е кога ќе пристигне во Европа.