Bluesky, платформата која се стреми да биде еден од ривалите на Twitter, сега официјално ја достигна границата од 15 милиони регистрирани корисници.
Пред еден месец, Bluesky сè уште имаше 13 милиони корисници, што покажува дека социјалната мрежа рапидно расте бидејќи се повеќе луѓе бараат алтернативи за X (Twitter).
Оваа вест првпат беше споделена од Stats for Bluesky, страница која користи API на платформата за да добие статистика. Според таа страница, Bluesky сега има повеќе од 15,2 милиони регистрирани корисници. За споредба, во ноември 2023 година ги имаше околу два милиони.
Bluesky сè уште е далеку зад конкуренцијата, особено X, кој има повеќе од 500 милиони активни корисници ширум светот. Апликацијата Threads на Мета е исто така попопуларна, со 275 милиони месечни активни корисници. И покрај ова, Bluesky привлекува се повеќе внимание кај корисниците кои се незадоволни од овие социјални мрежи.
Неодамнешната епизода во Бразил, која резултираше со привремена забрана на Твитер, поттикна стотици илјади Бразилци да го испробаат Bluesky.
Во поново време, политичкото учество на Илон Маск во кампањата на Доналд Трамп, исто така, мотивираше некои да бараат алтернативи за X, а Bluesky сега е најсимнуваната апликација во американската продавница за апликации.
Bluesky се појави во 2021 година како „доказ за концепт“ за децентрализираниот АТ протокол. Во 2019 година, тогашниот извршен директор на Twitter, Џек Дорси, објави дека компанијата ќе финансира иницијатива што ќе резултира токму со оваа апликација.
Платформата повеќе не е поврзана со Twitter, а тие на крајот станаа конкуренти откако Маск го купи Twitter. Пред неколку недели, Bluesky ги објави своите планови за воведување платен сегмент со дополнителни функции, сличен на X Premium.
Поврзани артикли