Најпознатиот светски финансиски маг, американскиот милијардер Ворен Бафет повторно упати критики кон Биткоинот и другите криптовалути
Бафет без влакна на јазикот, фамозната криптовалута ја нарече „отров за глувци”, кој „не создава ништо” туку само дополнителни купувачи кои сакаат да вклучат во продажбата.
Споредувајќи ја побарувачката на Биткоинот со лудилото со „лалињата” во 17. век во Холандија (што е зачеток на берзата како институција на која се прослави Бафет), претседателот и извршниот директор на инвестицискиот фонд “Беркшир Хатавеј” вели дека мистиката, која ја создаде оваа криптовалута е “виновникот” за растот на нејзината вредност, пренесува Ројтерс.
„Биткоинот произведува скок на вредноста, произведува нови купувачи… Ако нешто не разбирате, уште повеќе се возбудувате поради тоа”, изјави Бафет за американската ТВ мрежа, CNBC.
Криптовалутите, посебно Биткоинот, неодамна станаа посебно популарни делумно поради остриот скок на нивната вредност. Во 2017. година, Биткоин во еден момент скокна од 1.000 долари на преку 20.000 долари.
Сепак, Бафет смета дека тоа се исклучително спекулативни акиви, пренесува Ројтерс, и додава дека цената на Биткоин криптовалутата на 7. мај се движела околу 9.000 долари.