Google со својата најнова реклама уште еднаш го исмеа својот голем ривал – компанијата Apple.
Станува збор за реклама од серијата #BestPhonesForever, во која, поконкретно, Pixel го „пецка“ iPhone.
Овој пат, фокусот е на RCS пораките – овој стандард за пораки што Apple конечно го усвои кога го објави iOS 18 на глобално ниво, откако Google со години го туркаше.
Поради ова, iPhone и Android уредите сега конечно можат да разменуваат разни фајлови преку текстуални пораки.
Ова, се разбира, е најрелевантно за САД, каде што корисниците сè уште се држат до вградените апликации за пораки, избегнувајќи WhatsApp, Viber и слични апликации.
Во секој случај, погледнете го видеото подолу и проценете сами дали Google успеа да го исмее „јаболкото“.