Како што објави јужнокорејскиот портал The Elec, Apple планира да претстави нови таблети iPad Air со подобрени екрани.

Во текот на оваа година, од Apple пристигна ажурираниот iPad Air, кој беше претставен со големини на екран од 11 и 13 инчи. Тие екрани користеа Liquid Retina IPS LCD панели, кои се малку постари, но тоа ќе се промени.

Според порталот The Elec, се очекува Apple да ја освежи својата линија iPad Air во текот на 2026 година, а дисплеите исто така да добијат надградба.

Нагласено е дека новите таблети ќе користат OLED екрани произведени од Samsung, слично на она што беше имплементирано годинава за моделите iPad Pro.

Некои технички детали се познати, па се наведува дека iPad Air ќе користи „single-stacked“ OLED екран. Ова значи дека нема да го нуди истото ниво на осветлување како iPad Pro, што е и очекувано бидејќи моделите AIr претставуваат поприфатлива линија на таблети.