Според Илон Маск, Neuralink бил успешно вграден во мозокот на друг пациент.

На почетокот на оваа година првиот човек доби мозочен имплант од компанијата Neuralink. Сега тоа е овозможено за друг пациент.

„Не сакам да го урочам, но изгледа дека сè помина исклучително добро кога станува збор за вториот имплант“, рече Илон Маск во подкастот на Лекс Фридман.

„Има многу сигнали, многу електроди“, додаде Маск.

Жиците на првиот имплант на Neuralink во човечкиот мозок се повлекоа, што доведе до помалку електроди кои можеа да ги мерат мозочните сигнали, што засега не е случај во овој втор обид.

Зборувајќи за иднината на Neuralink, Маск истакна дека очекува до крајот на годината да бидат поставени уште 10 импланти доколку регулаторите ги дадат потребните одобренија.

Можете да слушнете повеќе за Neuralink и како функционираат чиповите вградени во мозокот во придружниот подкаст.