На платформата YouTube не и се непознати огласите со ознаката NSFW (чувствителна содржина), а еден корисник на Reddit истакна дека овој проблем сè уште постои.
Тој забележал две NSFW реклами за видео игри, со делови од порно филмови. Овие реклами доаѓаат по сличен „скандал“ од декември 2023 година, а се огласи и самиот YouTube.
„Имаме строги правила против реклами со сексуално експлицитна содржина. Ако откриеме реклами што ја прекршуваат оваа политика, ги отстрануваме“, изјави портпаролот на платформата за Android Authority.
Се додава дека блокирале или отстраниле 94,6 милиони реклами со содржина за возрасни во 2023 година. Компанијата, исто така, инсистираше на тоа дека големите јазични модели (LLM) помагаат во борбата против овие реклами.
Во секој случај, тоа е постојан проблем, и јасно е дека е многу тешко да се искорени.